Мисијата, која би требало да трае седум години, има за цел да се дојде на околу 6,1 милион километри од Сонцето. За споредба, најблискиот објект од Сончевиот Систем, планетата Меркур е 46,6 милиони километри оддалечена од него.
За својата цел, НАСА изработи нов тип топлински штит изработен од јаглеродни влакна и „посебна бела формула”, која ќе треба да одбие што повеќе топлина. Леталото ќе биде изложено на температура од околу 1.370 степени Целзиусови. Ако штитот работи според планот, тоа ќе треба да обезбеди работна температура на електронските компоненти од околу 29 степени Целзиусови.
Сондата е именувана според астрономот Јуџин Паркер, кој меѓу друго, е познат по теоријата за т.н. Сончев ветар.
Превземено од: Kurir