По Автопатот Скопје – Тетово – Гостивар се движат и животни кои предизвикуваат чести сообраќајни незгоди – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/20 12:45 PM

По Автопатот Скопје – Тетово – Гостивар се движат и животни кои предизвикуваат чести сообраќајни незгоди

Секој месец над 10 тина сообраќајки предизвикани од животни регистрира тетовската полиција на Aвтопатот Скопје Тетово – Гостивар.За среќа  досега нема загинати патници од ваквиот вид на незгоди, но причинета е огромна материјална штета.

Изминатава ноќ пријавени се три сообраќајни незгоди кои се случиле поради животни на автопатотот Гостивар-Тетово-Скопје, информираат од СВР Тетово. Во трите инциденти нема повредени луѓе, а причинета е материјална штета на возилата.

-Во периодот од половина час по полноќ до 6 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавени се три сообраќајни незгоди на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Првата во близина на Градечкиот надпатник и бензинска пумпа, предизвикани од животни, а во кои учествувале патничко возило „бмв” и два автобуса. Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета, соопшти денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Увид извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Возачите реагираат и на лошите услови на самиот коловоз на Aвтопатот Тетово – Гостивар. Веалт дека потат е полн со дупки, само што се нарекува автопат а на лице место ситуацијата е сосема друга. Експертите апелираат автопатите постојано да се одржуваат, затоа што преку плаќањето на патарините возачите плаќаат припејд за одреден вид услуга, која во случајов  Автопатот Тетово – Гостивар не ја нуди целосно.

 “Фрекфренцијата на возила по автопатите е голема и на овие патни правци треба секогаш да се интервенира, кога ќе се појави и најмал проблем. Граѓаните ако не добиле услуга имаат право да ги бараат парите назад кои ги уплатиле на патарина.Тое е исто како да купиш расипана стока во некој маркет и што правиш ја враќаш стокатa назад и си ги бараш парите. И државата треба да врши поголема контрола врз претпријатијата и институциите кои ги одржуваат патиштата. Ако може да се казнуваат возачите за неносење појас или зимска опрема, тогаш зошто да не се казнува и институцијата која поради недоволно одржување на Aвтопатот Тетово Гостивар, секојдневно се случуваат сообраќајки”, посочуваат собраќајните експерти

Најголем проблем на оваа делница е немањето на доволно жичана ограда, поради што и преминуваат бездомните животни. Од АД за државни патишта, велат дека согласно годишната програма жичаната ограда постојано се менува, но истата се краде од несовесни граѓани и предизвикува големи штети но и голему трагедии.

Зоран Димовски