Австралискиот град Мелбурн ќе излезе од карантин во среда, откако за прв пат од јуни нема пријавено нови случаи на коронавирус.
Сојузната држава Викторија беше жариште на вториот бран на коронавирусот, а 90 отсто од починатите од цела Австралија биле токму тука. Австралија бележи 905 смртни случаи. Главниот град Мелбурн влезе во карантин пред 111 дена, на граѓаните им беше наредено да останат дома, се ограничија патувањата и се затворија протавниците и рестораните.
– Со нула нови случаи и по многу тестирања за време на викендот можеме да кажеме дека сега е време повторно да се отвориме, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.
Во јули Викторија имаше и по 700 новозаразени дневно, но воведувањето на строги мерки и полициски час дадоа значителен резултат.