Кина повторно спроведува масовно тестирање за коронавирус откако позитивен случај се појави во кинеската провинција Ксиџијанг.
Првиот случај бил откриен кај жена која работела во фабрика, немала симптоми а вирусот и бил потврден при рутинско тестирање на работа. Околку 4,7 милиони луѓе во градот Кашгар треба да бидат тестирани, а од почетокот на тестирањето во саботата досега се откриени 137 асимптоматски носители на вирусот.
До вчера попладне биле тестирани повеќе од 2,8 милиони луѓе, а останатите треба да бидат тестирани во следните два дена.
Асимптоматските случаи во Кина не влегуваат во официјалната статистика на 85.810 заразени. Кина има регистрирано и 4.636 смртни случаи.
Во Кашгар сега се затворени училиштата и никој нема право да излезе од градот доколку нема негативен тест за коронавирус.


