(Видео)Изгубивме столб на џамијата – Погребан Амди Бајрам – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/20 5:48 PM

(Видео)Изгубивме столб на џамијата – Погребан Амди Бајрам

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на ромите Амди Бајрам, денеска на муслиманските гробишта во Скопје беше испратен во своето вечно почивалиште.

На погребот присуствуваа роднини, пријатели, но и граѓани со автомобили со регистарски таблици од целата држава. Присутните носеа заштитни маски.

 

Иако Министерството за здравство апелираше погребот да се одржи според препораките за ковид-19, бидејќи брисот кој му беше земен пост мортем се покажа дека е позитивен на коронавирус,сепак семејството одлучи да прави традиционален погреб.

Имамот на Алипашината џамија вели дека изгубиле столб на џамијата, кој ако не бил немало да се направи новата ромска џамија. Помогнал на многумина сиромашни кои не можеле да си платат за сунет, најзаслужен бил за водоводот во Шутка, помагал на сите и се борел за ромските права.

Во Шуто Оризари денеска е ден на жалост. Општината сабајлево одржа комеморативна седница со говор за придонесот на Бајрам за ромската заедница.

 

Фото и видео: „Romapress“