Претставникот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, ја обвини Европа за демонизација на муслиманите „како што тоа им се правело на евреите во дваесетите години на минатиот век“.
– Подмолната политика на навредливите карикатури, обвинувањата со кои муслиманите се одговорни за спаратизам и претреси на џамии немаат врска со слободата на говор, напиша Алтун на Твитер.
Според него се работи за застрашување на муслиманите, „што потсетува дека муслиманите се добредојдени кога допринесуваат за европската економија, но во исто време никогаш нема да бидат дел од неа.“
Ваквиот став против муслиманите вели дека е „добро познат“ уште од претходниот век и дека изгледа како „демонизација на европските евреи на дваесетите години на минатиот век“.