Шпанија прогласи вонредна состојба и воведе полициски час – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/20 4:57 PM

Шпанија прогласи вонредна состојба и воведе полициски час

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 часот до шест наутро.

Со цел да се спречи ширењето на вториот бран на коронавирусот, Советот на министри на чело со премиерот Педро Санчез, одлучи во земјата да се воведе втора вонредна состојба од почетокот на годината.

Првата вонредна состојба траеше од март до јуни, а новата неофицијално може да трае и до април 2021 година.