Откако од Сојузот на ромите беше најавено дека Амди Бајрам ќе биде погребан во Алејата на Великаните, од А.Д Бутел за „Либертас“ појаснуваат дека информацијата е погрешна и дека погребот сепак нема да биде таму, туку на парцелата на муслиманските гробишта, веднаш зад еврејските гробишта во Бутел.
Откако на екс пратеникот вчера пост мортем бу беше утврден позитивен резултат на коронавирус, Министерството за здравство побара да се избегнат погребните ритуали и погребот да се спроведе согласно ковид протоколите. Сепак неговото семејство најави погреб според традиционалните обичаи.
Амди Бајрам почина вчера на 64 годишна возраст.