Шпанија пред нова вонредна состојба – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/20 1:37 PM

Шпанија пред нова вонредна состојба

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска свика итна седница на Влада, за да се подготви нова вонредна состојба со цел да се спречи повторното ширење на коронавирусот.

Владата синоќа објави и дека повеќето од шпанските регионални лидери се согласиле за нова вонредна состојба, со која Владата ќе има можност за привремено ограничување на основните слободи како слободата на движење и воведување на полициски час.