Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.
Нагласи дека Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.
-Во знак на благодарност поради залагањата на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната средба му доделив плакета „Преспански јаболкобер 2020″, истакна Гошаревски.
Градоначалникот на Ресен додаде дека оваа мерка на Владата претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.