Чоколаден мус кој мора да го вкусите: Едноставен рецепт без јајца и брашно – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/20 9:22 PM

Чоколаден мус кој мора да го вкусите: Едноставен рецепт без јајца и брашно

Изненадете ги своите најблиски со вкусен десерт, кој може да го приготвите на многу едноставен начин. Се работи за чоколаден мус со кремаста текстура и богат вкус.

Состојки кои ви се потребни:

800 мл млеко

300 грама слатка павлака

180 грама шеќер

50 грама какао

50 грама густин

200 мл млеко

10 грама желатин во прав

60 мл вода

300 грама чоколадо за готвење

200 грама маскарпоне сирење

Подготовка

Загрејте го млекото заедно со слатката павлака и шеќерот на средна температура. Во меѓувреме, измешајте ги какаото и густинот. Додајте малку млеко (200 мл) и добро промешајте. Сипете вода во желатинот во прав и почекајте пет до десет минути.

Потоа истурете ја смесата со какао во врелото млеко. Оставете го да зоврие, мешајќи често. Со мешање извадете ја смесата од какао од тенџерето, а откако ќе го тргнете од шпоретот во него додајте го чоколадото. Стопете го желатинот на ниска температура и веднаш тргнете го од огнот. Желатинот не смее да врие бидејќи во спротивно ќе добие несоодветна текстура.

По ова, желатинот додадете го во смесата со чоколадото и добро промешајте. Префрлете се’ во голема чинија и оставете смесата да се лади десетина минути, а потоа додајте го маскарпоне сирењето. Изматете го сето ова со миксер се’ додека не се добие убава густина. По ова, потребно е со малку вода да ја попрскате тавата и да ја обложите со хартија. Ставете ја претходно подготвената смеса и израмнете го врвот. Оставете да „преноќи“ во фрижидер. Вака приготвениот мус извадете го од тавата на тој начин што на нејзиниот врв ќе ставите послужавник и потоа држејќи ги заедно превртете ги, но внимавајте послужавникот сега да биде на дното, а тавата горе. Тргнете ја хартијата и наросете какао врз мусот.

Десертот исечете го на парчиња со загреан нож, односно со нож кој претходно неколку секунди сте го држеле во чаша со врела вода.

На здравје!

 

Извор:   kurir.rs