Ако сметате дека сте мајстор во креветот, тогаш ги знаете сите начини на кои може да задоволите една жена, а разликата меѓу одличниот и совршениот љубовник е голема. Меѓутоа не очајувајте, учењето во сексот секогаш е важно, така што сигурно ќе можете со малку трикови да ги совладате најважните лекции на ова поле.
Користете ја устата
Заборавете на размислувањето за пенетрацијата. Всушност, некои истражувања покажале дека оргазам на ваков начин доживуваатсамо мал процент од жените. Наместо тоа, посветете се на телото на жената и трагајте по нејзините ерогени зони, независно од тоа на кој дел од телото тие се наоѓаат. Следете го нејзиниот здив, бидејќи на крајот, вашиот труд ќе биде возвратен.
Почнете ја предиграта надвор од спалната соба
Сексот ниту почнува ниту завршува во спалната соба. Важна е комуникацуијата. Заведувајте ја во текот на целиот ден, испратете и’ секси смс порака додека е на работа. Флертувајте со неа, бидејќи на овој начин и здодевниот ден ќе може да заврши со жесток сексуален однос.
Одолговлекувајте со оргазмот
Е овде веќе, треба многу повеќе труд, па и тренинг. Кога ќе почувствувате дека вашата партнерка се приближува кон оргазам, забавете ги своите движења. Техниката позната под името edging овозможува достигнување на сексуалниот врв. Истовремено, истата варијанта чекај/продолжи можете да ја применете и на себе, со „динамитен“ ефект на крајот.
Времето после сексот е поважно од самиот секс
Никогаш не заборавајте дека сексот не завршува со оргазам. Нежното галење во кревет помага во одржувањето на интимноста, а тоа се две многу важни работи кои би требало да бидат приоритет во секоја врска.
Извор: espreso.rs