Андријана Илиовска прогласена за прва придружничка на Next world top model – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/20 6:39 PM

Андријана Илиовска прогласена за прва придружничка на Next world top model

Нашата убавица Андријана Илиовска е прогласена за прва придружничка на Изборот Next world tom model, кој се одржа во Бејрут, Либан. На овој избор учествуваа  околу 40 модели од исто толку држави од целиот свет.

Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио „Црнокрак“ кое во Либан ја искористи моќноста за средби и договори со скаути од целиот свет кои присуствуваа на финалето, за ангажирање на наши модели во разни интернационални модни агенции.