„Наоружете“ се со најважниот витамин кој штити од корона, но и од другите сезонски вируси: Алармира д-р Каменов – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/20 5:37 PM

„Наоружете“ се со најважниот витамин кој штити од корона, но и од другите сезонски вируси: Алармира д-р Каменов

Витаминот Д е најважниот витамин за заштита на организмот од коронавирусот, но и од останатите сезонски вируси – смета имунологот, Борислав Каменов. Според него, возрасните треба да внесуваат и до 10 илјади единици од овој витамин за да се одбранат од болеста, додека тој број кај младите луѓе е 5 илјади.

„Неспорна е делотворноста на витаминот Д и токму тука мислам дека лежи тајната на интензивирањето на болеста во последно време. Додека времето беше убаво и имаше повеќе сонце, ние го добивавме овој витамин преку сонцето. Многумина, односно оние кои имаат ниски вредности на овој витамин, најдоа и замена. Значи сега кога веќе го нема тој витамин, насочени сме кон замена, но тоа го правиме во исклучително мали дози. Знам многу пријатели кои пијат по 400 единици, најмногу 1000 и тие мислат дека тоа е доволно“, објаснува Каменов.

Тој истакнува дека на заболените им требаат многу поголеми дози и додава дека граѓаните и понатаму земаат многу малку Д витамин.

„Ние не го познаваме вирусот доволно, но својот организам треба да го познаваме. Ако немаме доволно Д витамин, тогаш сме изложени на поголем ризик да се разболиме од ковид-19. Не велам дека тие дози не се важни, но во ова време не се доволни“, нагласува докторот. Тој потсетува дека и порано се препорачуваше да се внесува витамин Д па одреден период се намали бројот на заболени, но предупредува дека со промената на времето се менува и ситуацијата, поради што е неопходно овој витамин да се зема во поголеми дози. Сепак, потенцира дека во текот на изминатите месеци се случувало, особено во САД, дел од луѓето да претераат со земањето на овој витамин, па некои од нив земале и по 80 илјади единици.

На коментарите од дел од јавноста дека за толку големи дози за витамин Д не постои стручен протокол, Каменов одговара со контрапрашање: „Уште колку луѓе може да настрадаат додека не се промени протоколот? До тогаш може да поминат и 20 години“.

Тој истакнува дека, покрај витаминот Д, многу е важна и состојбата на организмот, особено состојбата на цревата и дигестивниот систем.

„Оние луѓе кои страдаат од надуеност, и кои се „трујат“ со млеко или некоја друга храна имаат голема количина токсини кои се натпреваруваат во потрошувачката на витаминот Д. И тој витамин го убива вирусот“, нагласува Каменов.

„Студиите покажаа дека оние кои имаат нормално ниво на витамин Д ретко добиваат ковид-19, а сите оние кои имаат низок витамин Д се разболуваат и многу често умираат“, заклучува имунологот.

 

Извор:  hr.n1info.com