Учениците од неколку средни текстилни училишта и од Техничко-технолошкиот факултет при УГД денеска претставија свои креации пред штипските љубители на модата. Креациите што ги изработија под менторство на нивните професори и на дизајнерката Ирина Тошева се на тема „Одржлив развој“.
Колекциите кои се создадени од текстилен отпад беа прикажани на отворено, во дворот на Дом на млади, според протоколи за заштита од коронавирусот.
Ревијата која се одржа попладнево ја организираше Текстилниот кластер во рамките на проектот од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија „Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 – ноември 2020“.