Петар Богојески од Македонски концепт вели дека решението на проблемот е во формирање комисија со млади историчари кои за еден ден ќе сфатат и ќе се решат за европски и модерни историографски вредности, а не да робуваат на живковистите и длабоките ретроградни државни елелемнти и служби од времето на коминузмот и југоромантизмот.
– Ни треба европски решенија, ни треба дезиологизација и дејугоизација на македонската историја. Ни треба македонска историографија и доктрина. Треба да покажеме емпатија и да ги разбереме и бугарските погледи и стравови. Но за некои работи не се можни компромиси затоа што станува збор за различни контексти и за намерни погрешни толкувања на тогашните историски околности кога се оперирало со религиозна припадност, а не со етнички и национални чувства во документите на турската империја – вели Богојески.