Професорот на УГД Штип, Стојко Стојков, експерт за средновековна историја смета дека во тој период не постоела ниту македонска ниту бугарска нација.Тие се оформуваат во 19 век.
Стојков инаку и ко-претседател на ОМО ИЛИНДЕН, како гостин во емисијата Стадион, смета дека усогласувањето на прашањата за средниот век во македонско-бугарската комисија, не поминало добро.
Бугарската страна, смета Стојков, се обидува да ја наложи нивната идеолошка позиција, комплетно и тотално. Се напаѓа македонското национално битие, било тоа да е Самоил, Гоце Делчев или Илинден.