Бројот на мртви фоки пронајдени на брегот на Намибија се искачи на повеќе од 7.000, објави непрофитното здружение OCN. Тоа соопшти дека илјадници пцовисани младенчиња од фоките и возрасни женки се пронајдени претходната седмица на брегот на полуостровот Пеликан Поинт, туристичка дестинација позната по колониите на фоки и јата делфини.
Министерството за риболов и морски ресурси на Намибија минатата недела објави дека ќе испрати примероци во Јужна Африка за да се утврдат причините за смртта.