Времето денеска, според прогозата на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со максимална температура до 26 степени. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд, а и нешто пониски температури.