Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација, откако Николај Нонков, заменик-министер за регионален развој во Владата, попладнево објави дека е позитивен на коронавирус.
„Имам негативен ПЦР-тест од утрово. Тестот беше направен пред мојата средба со делегацијата на САД. Пред меѓународните средби, според барањата на релевантни безбедносни органи, се тестирам. Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на Ковид-19. Очекувам насоки од здравствените власти, а дотогаш ќе бидам во самоизолација. Со Нонков последен пат бев во контакт пред пет дена“, објавил попладнево Борисов на својот официјален Фејсбук-профил.