Каде и да е, Македонецот мора да си го зачува идентитетот: Честитка од МАЕИ по повод 23 Октомври – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 4:00 PM

Каде и да е, Македонецот мора да си го зачува идентитетот: Честитка од МАЕИ по повод 23 Октомври

Честитка по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба упати единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

– Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор, упатува честитка до сите граѓани на Македонија и Македонците во целиот свет, стои во честитката.

Се додава дека на денешен ден 1893 година, во градот Солун, шестмина македонски визионери ја формираа Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО, како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување на земјава и како прва организирана политичка организација, поставувајќи ги темелите на македонскиот отпор и стремеж за слобода и обединување зачувано до денес.

– Овој датум ги постави темелите на македонската државност. Обврска на секој Македонец, каде и да се наоѓа, е да го зачува својот идентитет. Нека е вечен споменот за македонските револуционери, се наведува во честитката.

Претходно честитка, по повод 23 октомври упати и Македонското друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо.