За околу две ипол години може да биде завршен патот Скопје-Приштина, иако според проектните документации на Европска Банка се предвидени три до четири години, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Авдулах Хоти.
– Колку што е важно за Косово толку е и за нас бидејќи околу 45 минути ќе биде патувањето Приштина – Скопје. Првата делница од некои два километри е завршен тендерот и победи Гранит. Втората делница е на завршување на експропријациони односи, каде што треба да го решиме со Генералштабот поранешниот полигон кој што стои на делницата. Во моментот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, како да влезат внатре. Ако успееме да ги завршиме овие работи до крајот на годината верувам дека почетокот на 2021 година ќе се стартува со комплетна реализација на ова автопатско решение, рече премиерот Заев.