Чешкиот премиер Андреј Бабиш соопшти дека ќе го отповика од функцијата министерот за здравство Роман Примула, доколку тој самиот не си поднесе оставка, откако во медиумите беа објавени фотографии од министерот кој ги крши здравствените протоколи.
Министерот бил фотографиран како излегува од ресторан во Прага во средата, иако на сила е уредба со која угостителските објекти се затворени поради пандемијата со коронавирус. Освен затворените ресторани, продавници и трговски центри, чешката влада воведе задолжително носење маски насекаде, па дури и во автомобил.
Чешкиот „Блеск“ исто така објави фотографии на кој се гледа дека министерот не носи маска и по излегувањето од ресторанот и откако влегол во возило со шофер.
– Грешката на министерот Примула е непростлива. Во време кога ги молиме луѓето да ги следат правилата и кога нашите здравствени работници се борат на првата линија, вакво однесување е неприфатливо. Му реков да си даде оставка, доколку не даде тогаш јас ќе го отповикам од функцијата“, напиша Бабиш на Твитер.
Chyba pana ministra Prymuly je neomluvitelná. V době, kdy žádáme lidi o dodržování důležitých pravidel, kdy naši zdravotníci bojují v první linii, je takovéto chování naprosto nepřijatelné. Požádal jsem ho o rezignaci, a pokud tak neučiní, jsem připraven ho odvolat.
— Andrej Babiš (@AndrejBabis) October 23, 2020
Министерот Примула се уште не се изјаснил во јавност.