ВИДЕО: Двојната одбрана на Никола Митревски против Вардар, повторно на најавните шпици на ЕХФ – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 12:53 PM

ВИДЕО: Двојната одбрана на Никола Митревски против Вардар, повторно на најавните шпици на ЕХФ

Порто и Вардар вчера во Скопје одиграа мирољубиви 25:25, но повторно насловните страни во спортските медиуми им припаднаа на голманите на двете екипи. Борко Ристовски забележа 18 одбрани против португалскиот шампион, додека пак Митревски забележа 11 одбрани, од кои две особено „запнаа за око“ на ракометните фанови.

Македонскиот репрезентативен голман во два наврати ги осуети обидите на Ловро Јотиќ кој првенствено шутираше безуспешно од девет метри, а по одбраната на Митревски топката се врати во негови раце и во зицер ситуација не можеше да го совлада голманот на Порто.

Во продолжение погледнете ја двојната одбрана на Никола Митревски против актуелниот европски шампион Вардар: