Смртоносната пештера во Тајланд ја однесе првата жртва (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/18 6:59 AM

Смртоносната пештера во Тајланд ја однесе првата жртва (видео)

Тајландски нуркач, Саман Кунан кој волунтирал во операцијата за спасување на децата од пештерата и нивниот тренер, почина поради недостаток на воздух додека се обидувал да се врати во командниот центар, длабоко под земјата, изјавил Гувернерот Чианг Раи Пасакорн Бонјалак.

Командниот центар се наоѓа 2 километри во внатрешноста на пештерата, каде се заробени 12 деца и нивниот тренер скоро две недели.

Кунан кој бил во 30-те години се враќал после испорака на боца со кислород каде што биле децата, кога на враќање останал без воздух под вода.

Нуркањето е секогаш полно со ризици, можеби се онесвестил, па се удавил, мораме да ја почекаме обдукцијата“ рекле неговите колеги.

„Негова задача било да однесе боца со кислород за децата, а на враќање тој немал доволно кислород за себе“ рекол еден од Тајланските нуркачи и додал дека се работи за човек кој никогаш не работел во морнарицата, а сега се приклучив во акцијата за спасување.

„Во пештерата е тешко, на пат кон командниот центар се удавил, колегата се обидувал да му помогне, но безуспешно, кога го извлекоа оттаму повторно му е дадена помош, но безуспешно„ Изјавил  командир на војската.

Мисијата продолжува, но сега има нов проблем.Она што ги загрижува спасувачите е намалување на кислородот во пештерата каде што се наожаат децата.

Тие засега се во добра состојба, а во акцијата се вклучени околу 1000 луѓе.

 

 

Превземено од:press24