Поранешниот легендарен голман на Челзи и Премиер Лигата, Петр Чех, пред нецели две години реши да стави крај на професионалната играчка кариера и да се посвети на друга функција во фудбалот. Во меѓувреме, Чех своите голмански квалитети реши да ги покаже и во хокејот во тимот на Гилдорд Феникс, пред да ја преземе функцијата технички советник, или од она што може да се забележи во пракса, спортски директор во англиски Челзи.
Но, Чех нема е да Чех доколку само ја извршува функцијата во костум и целосно се оддалечи од зелените терени. Во последните месеци и после лошиот старт на сезоната на голманот на „сините“ Кепа Аризабалага, некогашниот чешки репрезентативец се почесто и почесто „се симнуваше“ од канцелариите во „Кобам“ на тревата во обид да го рехабилитира Аризабалага и да му ја врати посакуваната форма.
И не само тоа, Петр Чех иако пензиониран, се најде на проширениот список од 25 играчи на Френк Лампард пријавени за тековната сезона во Премиер Лигата. Да, доколку некој од Едуар Менди, Кепа и Вили Кабалеро нема да е во можност да ја брани мрежата на тимот од западен Лондон, Петр Чех ќе ги стави ракавиците и ќе застане помеѓу стативите на „Стемфорд Бриџ“.
На снимката објавена од „Chelsea TV“, може да погледнете како Чех со неговиот препознатли шлем регуларно тренира со екипата. И мора да признаете, изгледа како да никогаш не ни се повлекол од фудбалот. Па, Лампард, за романтичарите и фановите на Чехот, знаеме сите што треба и мора да направиш. Макар во еден натпревар сезонава.
Petr Cech is fit, sharp, and ready to go! 💪🏽😎 pic.twitter.com/RC93pNVkLp
— Simon Phillips (@SiPhillipsSport) October 23, 2020