Четворица од вкупно 13 обвинети за крвавиот инцидент во Мала Речица го признаа делото – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/18 6:23 PM

Четворица од вкупно 13 обвинети за крвавиот инцидент во Мала Речица го признаа делото

 

Четворица од вкупно тринаесет обвинети за крвавиот инцидент во Мала Речица го признаа делото „учество во тепачка“. За останатите лица обвинети за потешки кривични дела, продолжува судскиот процес за инцидентот, во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени.

„Со признавањето на делото учество во тепачка, обвинетите ќе добијат поблага казна“, смета нивниот адвокат Сејфула Османи. Пресудата за нив се очекува да биде соопштена утре, но адвокатот продолжува со судскиот процес, затоа што тој застапува уште двајца учесници во тепачката од едната таканаречена кумановска група, кои се обвинети за убиство во обид.

По завршувањето на денешната главна расправа за инцидентот во Мала Речица, изјави пред медиумите даде и адвокатот на другата кумановска група која учествуваше во инцидентот. Тој рече дека неговите клиенти обвинети за повеќе кривични дела се невини.

Инаку инцидентот се случи на 5 април годинава, откако двете кумановски групи, членови на ДУИ, претходно се расправале во седиштетото на партијата на Ахмети.