(Видео)Протести против забраната за абортус во Полска, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 11:16 AM

(Видео)Протести против забраната за абортус во Полска, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите

Уставниот суд во Полска речиси целосно го забрани абортусот пресудувајќи дека „прекинувањето на бременоста поради абнормалности на фетусот е неуставно“. Ваквата одлука предизвика револт и протести ширум државата, а полицијата привела 15 лица.

Демонстрантите се собраа пред домот на вицепремиерот Јарослав Качински и бараа оставка од владата, а полицијата за да ја растера толпата употреби солзавец.

Законите за абортус во Полска и онака беа меѓу најстрогите во Европа, а со новите одлуки абортус ќе биде дозволен само во случај на силување, инцест или кога животот на мајката е доведен во опасност.

Минатата година во Полска имало 1100 легални абортуси а за повеќето од нив било наведено дека фетусот има дефект. На годишно ниво се верува дека околу 100.000 жени абортираат надвор од државата.