Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави воведување полициски час од 00:30 до пет часот наутро во регионите кои се најсилно погодени од новиот коронавирус.
Освен полицискиот час кој на сила стапува во сабота, грчките власти воведуваат и носење маски во затворен простор и на отворено.
Во телевизиско обраќање Мицотакис полицискиот час го најави за Атина, Солун, Јанина, Закинтос и неколку други области каде нивото на ризик е означено со три или четири – зголемен мониторинг или висок ризик.
Новите ограничувања како што рече премиерот се да се ограничи движењето, но и собирите на младите за кои рече дека треба да сносат одговорност и да престанат со тајни забави.