Вселенскиот брод „Сојуз МС-16“ се врати на Земјата – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 9:32 AM

Вселенскиот брод „Сојуз МС-16“ се врати на Земјата

Вселенскиот брод „Сојуз МС-16“, кој веќе шест месеци беше во мисија на Меѓународната вселенска станица, се врати на Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Моментот на слетување на „Сојуз МС-16“ беше емитуван во живо преку интернет-страницата на Федералната вселенска агенција на Русија (ROSCOSMOS).

Леталото во кое се наоѓаа руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер, како и астронаутот Кристофер Кесиди од НАСА, во 8:54 часот по локално време слета во близина на градот Џезгазган во Казахстан.

На Меѓународната вселенска станица се наоѓаат руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков, како и астронаутката од НАСА, Кејт Рубинс.

На Меѓународната вселенска станица, каде што се вршат заеднички активности од страна на НАСА, РОСКОСМОС, Европската вселенска агенција (ESA), Канадската вселенска агенција (CSA) и Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), се вршат вселенски истражувања и основни научни експерименти.