Делегацијата на Република Косово предводена од премиерот на државата Авдулах Хоти, денес е во официјална посета на Скопје.
Според протоколот, предвидена е средба со македонскиот премиер Зоран Заев и заедничка прес-конференција веднаш по нејзиното завршување.
Средбата ќе започне во 14:00 часот, а обраќањето на двајцата премиери ќе се одржи во 15:00 часот во Медија Центарот на Владата.