Се’ додека размислувате за поранешниот/поранешната , редовно го/ја следите на социјалните мрежи и одите на оние места каде што претпоставувате дека може да биде, не сте отворени за запознавање на нова потенцијална љубов. Ако приказната меѓу вас и вашиот/вашата поранешна/на е веќе завршена, максимално оддалечете се од животот на таа личност и ослободете се од целиот емоционален багаж кој се’ уште го влечете со себе. Ако не го направите тоа, од себе може да ја избркате секоја шанса за откривање на нова љубов.
Останувањето во вашата внатрешна сигурна емоционална зона можеби ви звучи привлечно, особено ако релативно неодамна сте биле повредени или разочарани. Сепак, во сите оние моменти во кои се трудите да не бидете ранливи индиректно покажувате срам поради сопствените потреби и желби и со тоа градите одбранбен ѕид кои дури и најпрекрасните и најупорните тешко би можеле да го срушат. Не постои гаранција дека не би биле повредени повторно, но се додека не дозволувате никому да ви се приближи, нема да пронајдете мир, ниту пак ќе пронајдете нешто од она по кое трагате – пишува Космополитен.
Премногу се водите според главата, а премалку според срцето
Секако дека во бирањето потенцијален партнер ќе се водите според одредени критериуми, но едно е да трагате по квалитетите што ги посакувате, а целосно друга работа е да го отфрлате секој потенцијален партнер поради ирационални стравови како што се оние дека нема да можете да постигнете баланс меѓу љубовниот, социјалниот и деловниот живот. Ако „налетате“ на вистинската личност што е вредна за вашето време, тогаш таа ќе покаже разбирање за сите ваши грижи.
Се обвинувате себеси за лошите врски во минатото
Сите ние на различен начин се справуваме со прекинувањето на врските. Некои прилично лесно може да се вратат во нормала, односно објективно гледаат на целата ситуација. Од друга страна, постојат и такви кои за секоја пропадната врска се oбвинуваат самите себе. Експертите се согласуваат дека таквото однесување е повообичаено за луѓето што имале тешко детство и кои биле емоционално злоупотребувани, иако ова не е правило.
Она што мора да го имате на ум, е дека доколку партнерите сакаат врската да успее, мора и двајцата да се потрудат за тоа. Доколку се соочувате со одредени проблеми во врската, другата страна треба да сака да разговарате за нив, но доколку сте немале среќа за бидете со таква личност, очигледно таа не била вистинската за вас Она што ни случајно не смеете да го заборавите е дека воопшто не треба да се обвинуват себе. Да вредело, ќе траело.
Извор: vijesti.me