Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот -Игор Дурловски го напушта собраниското столче – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/20 8:55 PM

Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот -Игор Дурловски го напушта собраниското столче

Оперскиот пејач Игор Дурловски го напупта собранието, каде беше пратеник од редовите на ВМРП ДПМНЕ. Тој оваа вест ја објави на Фејсбук со образложение дека останува доследен на неговите поддржувачи и нивниот глас.
-Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас,напиша тој.

https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3885175754834306

Дурловски на последните парламентарни избори беше носител на листа во ИЕ %, како натпартиски кадар. Ќе остане познат и по настаните од  27 април. .

Од партијата објаснуваат дека оваа е личен став на Дурловски, во кој тие ќе го испочитуваат.

-Тоа е негов личен став, ќе си поднесе оставка, а на негово место влегува  Мирче Аџиоски од Струга, ни рече  Никола Мицевски,координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ