Димитрис Кампанару (38), сопственик на дом за стари лица во градот Ајос Стефанос во Грција е пронајден мртов во својата куќа, а се верува дека самоубиството го извршил во очај. Според неофицијалните информации, на тој чин се одлучил откако било утврдено дека коронавирусот влегол во неговиот старски дом, пренесува „Мондо“.
„Официјално, не е познато зошто си го одезел животот, но сомнежите се дека тоа го направил во очај. Пред неколку дена е потврдено дека една штитеничка и двајца вработени во домот заболеле од корона“, изјавил градоначалникот Јанис Калафателис.
Соседите велат дека Димитрис бил чесен и успешен деловен човек кого сите го сакале. И тие веруваат дека паднал во очај кога слушнал дека 88-годишната штитеничка заболелела од коронавирус.