Во Лешочкиот манастир вечерва ќе се одбележи 175 годишнината од упокојувањето на Кирил Пејчиновиќ – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/20 2:10 PM

Во Лешочкиот манастир вечерва ќе се одбележи 175 годишнината од упокојувањето на Кирил Пејчиновиќ

Вечерва со почеток во 19 часот во Духовно културниот центар Кирил Пејчиновиќ во склоп на Манастирскиот комплекс во Лешок со духовна музика во изведба на Женскиот хор Менада, ќе се одбележи 175 годишнината од упокојувањето на Кирил Пејчиновиќ.


Маестро доктор Ивица Зориќ, рече дека во текот на манифестацијата ќе се почитуваат сите здравствени протоколи. Дека може да се организираат вакви настани со држење до препораките за кои апелираат властите покажа и манифестацијата ТЕХО,  која исто така беспрекорно се одржа во  Духовно – културнито центар во склоп на манастирскиот комплекс во Лешок.

Инаку наскоро исто така во манастирскиот комплекс во Лешок ќе се одбележи и 250 годишнината од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ, македонски деец кој своевремен управувал со Лешочкиот манастир и многу придонел за негов развој на материјален и духовен план.   

Зоран Димовски