Се ожениле на граница за да можат роднини да ја гледаат свадбата од соседната земја – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/20 1:55 PM

Се ожениле на граница за да можат роднини да ја гледаат свадбата од соседната земја

Случајот на Алекс Леки и Линдзи Клаус е уште една љубовна приказна која во време на корона го освои интернетот.

Тие се млад пар со потекло од Канада, а моментално живеат во Соединетите Американски Држави.  Решиле својата свадба да ја направат уште во август, но поради пандемијата биле затворени границите, па плановите на Алекс и Линдзи биле променети.

Линдзи била многу разочарана, затварањето на границите значело дека нејзините роднини од Канада нема да можат да присустуваат на свадбата во САД.

Сепак Линдзи добила брилијантна идеја, решила свадбата да ја организира во црква покрај реката Ст.Кроа, што е на границата помеѓу САД и Канада, а роднините ги сместила на брод во реката од канадската страна. На овој начин роднините имале совршена глетка кон свадбата на Алекс и Линдзи. Оние што не ги собрало на бродот, ја следеле свадбата од брегот од каде се пренесувала свадбата во живо на фејзбук.

Ако сте доволни креативни, можете на убав начин да го прославите вашиот најубав ден дури и во време на пандемија, Алекс и Линдзи се вистински пример за тоа.

 

Извор и фото: Independent