Основниот суд во Струмица го осуди Марјанчо Велев од струмичко Добрејци на доживотен затвор за убиството што го сторил над Александар Мицев пред две години. Телото на струмичанецот по кое трагаше полицијата повеќе од година дена беше пронајдено лани во резервоар во водите на брана Турија каде Велев беше ја фрлил и втората жртва Ристо Иљашев.
Во образложението на пресудата судијката Марина Абрашева истакна дека го применила член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев. Според обвинението Велев на 9 октомври во 2018 тата со огнено оружје пукал во главата на Мицев по што телото го ставил во резервоар и го фрлил во браната Турија. Причина била наводна исплата на пари од купопродажен договор.
,,Јавното обвинителство е задоволно од изречената пресуда доживотен затвор. Обвинетиот има право на жалба на пресудата во рок од 15 дена’’ рече јавната обвинителка Виолета Милчовска.
Обвинетиот кој ја издржува првата казна од 20 години затвор за убиството на Иљашев а сега на доживотен има право на жалба до апелациониот суд.