Денешното рочиште за случајот „Рекет 2“ е одложено за 28 октомври поради здравствени проблеми на првообвинетиот Бојан Јовановски.
Јовановски пред два дена бил пренесен во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“
Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски за „Слободен Печат“ изјавил дека не бил зачуден од тоа што судските власти не го почитуваат ставот на лекарите кои строго препорачувале Јовановски да добива нега во исклучително хигиенски услови, какви што како што вели во затворот „Скопје“ нема.