Здружението „Агропалачанка“ со активности за подобро здравје на жените во Кривопаланечко – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/18 12:17 PM

Здружението „Агропалачанка“ со активности за подобро здравје на жените во Кривопаланечко

Репродуктивното здравје кај жените,значење на редовните гинеколошки прегледи и заштита на репродуктивниот систем беа тема на работилницата за едукација и обука која се одржа во 4 села во Кривопаланечко а на кои учествуват околу стотина жени.

Гинеколог д-р Македонка Наумовска, вели дека жените од селата пројавиле огромен интерес за учество на работилниците,информирајќи се за последиците кои се јавуваат од ненавремени и нередовни гинеколошки прегледи, а пред се појавата на малигни заболувања.

Податоците говорат дека ракот на грлото на матката во нашата земја е второ малигно заболување и причина за смрт кај женската популација,после ракот на дојката. Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат околу 300 жени а како последица од тоа кај половина од нив болеста завршува трагично,во последните 10-15 години, Македонија спаѓа во првите десет земји во Европа кои имаат висок показател на оваа смртоносна болест.

На работилницата исто така беше истакнато за одржување „фит-бек“ средба, на која освен што ќе се анализираат ефектите од одржаните работилници, ќе се изврши и лоцирање на жени кои подолго време или воопшто не извршиле гинеколошки прегледи и ПАП тестови,  поради лоша материјална состојба или пак друго,за кои има информации дека постојат а за кои ќе следи финансиска подршка за спроведување на превентивен преглед.

Активностите се во организација на ,,Агропаланчанка“ ,Здружение на жени, земјоделки, сточарки и домаќинки ,во рамки на проектот  „Грижи се за сите, но и за себе“, со финансиска поддршка од Општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации .

Билјана Тошевски