Холандија: Покана за воена служба ќе добијат и девојките на 17-годишна возраст – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/20 7:45 AM

Холандија: Покана за воена служба ќе добијат и девојките на 17-годишна возраст

Седумнаесетгодишните девојки во Холандија, вклучувајќи ја принцезата Катарина Амалиа, оваа недела ќе добијат писма со покани за воена служба, објави холандската Влада, јавува Агенција Анадолија (АА).

Активната воена служба беше укината во 1997 година, но промената на законот во 2018 година значи дека и на девојките ќе им биде испратено писмо кога ќе наполнат 17 години.

Министерката за одбрана, Анк Бијлевелд, го објави ваквиот потег на социјалната мрежа Твитер, велејќи дека момчињата и девојките во земјата не само што имаат еднакви права, туку и еднакви должности.

„Ние не знаеме што може да се случи во иднина и ако е во прашање безбедноста на земјата, можеби ќе биде потребно да се јават сите момчиња и девојки“, додаде таа.

Писмото исто така ќе ги информира девојките за нивната можност да започнат професионална кариера во војската.