Време: Сончево и стабилно до сабота – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/20 7:36 PM

Време: Сончево и стабилно до сабота

Претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла и со максимална температура до 25 степени, прогнозира УХМР за утре.

Пријатно, сончево и стабилно време се очекува и во поголем дел проширениот празничен викенд. До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.