Повеќе од 100 луѓе загинаа, а илјадници домови се поплавени во Виетнам, откако 95-милионската земја е погодена од најголемите поплави во последните неколку децении.
По повеќенеделните поплави, бројот на жртвите во Виетнам се искачи на најмалку 111, а 22 лица се водат како исчезнати. Повеќе од 7.000 хектари под земјоделски култури биле потопени и уништени, а пцовисале околу 700.000 грла добиток и живина. Оштетени се и шеснаесет национални автопати и 162.000 метри локални патишта.
Властите предупредуваат дека се очекува уште полошо време зашто се приближувала тропската бура Саудел, пишува СНН.