Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, кого многумина го нарекуваа најскромниот и најсиромашниот претседател во светот поради неговиот скромен начин на живот, поднесе оставка од функцијата сенатор и се повлече од активното занимавање со политика.
Од 2010 до 2015 година беше претседател на Уругвај, а потоа сега 85-годишниот Мухика ја извршуваше функцијата сенатор.
Оставката ја поднел поради пандемијата на коронавирусот, пренесуваат агенциите.
„Постои време во животот кога доаѓате и заминувате. Им благодарам на моите поддржувачи, кои ме поддржуваа 26 години. Со години во мојата градина не одгледувам омраза, ја научив тешката лекција што ми ја даде животот – омразата ве прави глупави“, изјавил Мухика.
Поради неговата возраст и хроничните здравствени проблеми, поради коронавирусот тој не можел целосно да ја извршува својата должност и затоа поднесе оставка.
Додека беше претседател, тој донираше 97 проценти од својата плата претседателска плата од 12.000 долари, возеше „фолксваген буба“ од 1987 година и продаваше цвеќиња, кои тој и неговата сопруга ги одгледуваа во сопствената градина. Мухика живееше во скромна селска куќа покрај Монтевидео со својата сопруга, сенаторката и поранешна герилка Луција Тополански. Немал телохранители, а ниту возен парк. Од претседателската функција си замина со 65-процентна поддршка од јавноста.