Трамп призна дека има сметка во кинеска банка – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/20 2:20 PM

Трамп призна дека има сметка во кинеска банка

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има сметка во една кинеска банка, објави „Њујорк тајмс“. Сметката е во сопственост на „Трамп интернационал хотелс менаџмент“ и е отворена за плаќање локален данок помеѓу 2013 и 2015 година.

Налогот е направен за да се истражи потенцијалот на хотелското работење во Азија, а сметката е отворена кај кинеска банка во САД за да се плаќа локален данок, објаснил Јан Гартен, адвокат на Трамповата организација.

Додал и оти по 2015 година сметката не била активна.

Од сметката биле исплатени окоу 190.000 долари за локален данок.

Трамп ги критикуваше американските фирми што работат во Кина и предизвика трговска војна помеѓу двете земји.