Белградски Партизан во рамките четвртото коло во Еврокупот оствари победа на турски Башекшир 76:82, на крилјата на расположените нови американски засилувања Милер-МекИнтајр и Ерик Мика.
Некогашниот центар на Сакраменто Кингс по неколкуте бледи изданија за црно-белите, вчера навистина се истакна против екипата од Турција и му донесе на Партизан второ место во групата со Хувентут, Уникс Казан, Венециа и француски Борг.
Потегот на вечерта и веројатно потегот на четвртото коло во второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување, му припадна токму на Ерик Мика. Исполнетиот рекет на домаќините не го поколеба да влезе во него и атрактивно да забие.
Eric Mika’s dunk had to be the Dunk of the Night in Round 4! 👀😱@PartizanBC #RoadToGreatness pic.twitter.com/LC7jshLea5
— 7DAYS EuroCup (@EuroCup) October 20, 2020