Загревањето е еден дел од обезбедувањето услови во училница да се обезбеди настава и е обврска. Но со рационализација на средства може да постигнеме повеќе инвестиции во инфраструктура и ИТ опрема наместо да ги расфрламе финансиските средства само за загревање на цела училница за еден наставник, рече министерката за образование Мила Царовска при посетата на училишта во Кочани.
Министерката потенцираше дека важно било наставата да почне од училница бидејќи минатата година имаше дилеми дека наставиниците земаат плата а не држат настава, но сега кога процесот се одвива непречено може да се размислува и за алтернативи.