Чешка од денеска воведува задолжително носење заштитна маска насекаде па дури и во автомобилите, поради енормниот раст на новозаразени. Во изминатото деноноќие се регистрирани 11.984 нови случаи со коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.
За 24 часа починале и 106 лица.
Чешкиот министер за здравство Роман Примула најави нови построги мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а владата за денеска има закажано вонредна седница за епидемиолошката состојба.