Црвен крст – Тетово одржа работилница за трговија со луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/20 9:44 AM

Црвен крст – Тетово одржа работилница за трговија со луѓе

Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 Октомври неделава беше одбележан и од Општинската организација на Црвениот крст во Тетово. По тој повод волонтерите на организацијата одржаа работилница.

-По повод Европскиот ден на борба против трговија со луѓе, а имајќи ги предвид предзвиците кои произлегуваат од КОВИД – 19, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Тетово и оваа година се организираше  работилница за превенција од трговија со луѓе. Целна група беа младите лица кои се запознаа како да препознаваат и да спречат можни елементи на трговија со луѓе, која во различни форми е се поприсутна и во нашето општеството, информира Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.

Превентивни активности за врсничка едукација на младата популација преку Црвениот крст имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.