Израелските воени авиони доцна синоќа извршија воздушни напади врз позиција на палестинската група на отпорот Хамас во Појасот Газа, соопшти израелската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воздушните напади гаѓале тунел, кој наводно припаѓал на Хамас, соопшти портпаролот на израелската Армија, Авичај Адрае преку Твитер.
„Нападот е извршен како одмазда за ракетниот напад од Газа“, додава Адрае.
Според очевидци, со најмалку три проектили било гаѓано земјоделско земјиште источно од градот Деир ал Балах во централна Газа.
Досега нема информации за жртви.
Израелската Армија често спроведува воздушни напади врз пограничните области како одмазда за запаливите балони за кои тврди дека се пуштаат од Газа.