Во Казахстан џамијата „Ојил“, изградена со овча волна и коњско млеко, привлекува големо внимание – ММС
ММС

Објавено на: 10/21/20 7:30 AM

Во Казахстан џамијата „Ојил“, изградена со овча волна и коњско млеко, привлекува големо внимание

Џамијата „Ојил“ во Казахстан, изградена пред 127 години со овча волна и коњско млеко, привлекува големо внимание кај посетителите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Џамијата се наоѓа во областа Ојил, на 300 километри од градот Актобе. Ојил е позната како една од трасите на историскиот пат на свилата. Областа го носи своето име по реката Ојил во регионот.

Џамијата е изградена од трговци во 1893 година, а е составена од сребрено минаре во форма на триаголник и има еден кат.

Познато е дека при изградбата на џамијата, која привлекува големо внимание кај посетителите со својата градежна приказна и архитектура, се користела овча волна во градбата од керпич и коњско млеко наместо вода.

Sидовите на џамијата добиваат различни бои откако ќе заврне дожд или ќе падне снег.

Џамијата „Ојил“ служи како главно место за молитви на жителите на Ојил веќе 127 години.